Прополис – непријател на брадавиците на кожата

Со  редовна примена на еден од најголемите дарови на природата – прополисот, на многу брз, лесен и ефикасен начин можете да го решите проблемот со брадавиците.

Постапката е многу полесна отколку што мислите.

На местото каде што има брадавица премачкајте ја кожата со екстракт од прополис и добро заштитете го местото со фластер. При тоа внимавајте под фластерот да нема проток на воздух, значи потребно е кога го лепите фластерот да стиснете колку што можете повеќе.

Оставете го да делува околу три дена. Потоа нежно истругајте го површинскиот дел и повторете ја постапката.

Постапката повторувајте ја се додека брадавицата не отпадне во целост.

Доколку го користите прополисот за секојдневно лекување на некоја одредена болест, внимавајте екстрактот од прополис да не биде појак од 10%.

Likes:
0 0
Views:
98
Article Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published.