Рентгенско снимање на забите во текот на бременоста

Стоматолошките зафати во текот на бременоста бараат особено внимание и претпазливост.

Мислењата меѓу стручњаците околу дозволеноста на рентгенските снимки на забите во текот на бременоста се поделени.

Според оние стручњаци кои велат „да“ за рентгенско снимање во стоматолошки цели, за истото се потребни минимални дози зрачења.  Исто така во прилог на оправдување на постапката оди и фактот дека самиот објект кој што се снима е на голема одалеченост од матката.

Оние пак стручњаци кои категорично велат „не“ за рентгенолошките снимања на забите во текот на бременоста, тврдат дека е потребно да се избегнува секое рентгенско зрачење во текот на бременоста со цел заштита на плодот, па дури и да станува збор за снимање на забите.

Во пракса, често се случува, доколку се докаже неопходноста од постапката, снимањето да се изврши  додека трудницата стои, со примена на сите мерки на заштита на мајката и плодот. Исто така, доколку околностите го овозможуваат тоа, снимањето се препорачува да се изврши со дигитални рентгенски техники-радиовизиографија бидејќи тогаш зрачењата се за околу 70% помали во споредба со класичните рентгентски уреди.

Likes:
0 0
Views:
15
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *