Слаб WI-FI сигнал? – Постои едноставен трик како да го решите проблемот

Сите ние кои дома имаме WI-FI барем неколку пати до сега сме се соочиле со проблемот наречен „слаб сигнал“  во сите простории во домот, или во одреден период од денот.

За среќа, за овој проблем постои многу едноставно решение, ефтино и многу ефикасно.

Од обична лименка можете да направите исклучително моќен засилувач на сигналот.

Потребни ви се една лименка, ножици и мало парче пластелин.

Која е постапката:

Пред се, добро и темелно измијте ја лименката и отстранете го отварачот.

Потоа исечете го долниот дел.

Исечете го и горниот дел од лименката, но не во целост. Оставете мало парче.

Од спротивната страна исечете ја лименката по должина.

Добиената конструкција залепете ја за рутерот со помош на мало парче пластелин.

Likes:
0 0
Views:
98

Leave a Reply

Your email address will not be published.