Совет плус-како да подготвите највкусна зеленчукова супа

Не ви се потребни скапи намирници за да подготвите превкусен оброк кој истовремено ќе се погрижи за вашето здравје, нудејќи ви изобилство од витамини и минерали во само една чинија супа.

Топла и лековита, за да подготвите вкусна супа треба да внимавате на количината на состојки и редоследот на нивната подложеност на термичка обработка.

Професионалците велат дека оптималниот сооднос на вода и зеленчук е 1,5 литри вода со половина килограм излупен и исецкан зеленчук. За да го задржите природниот вкус не додавајте ништо повеќе во супата освен малку сол  и бибер, како и масло за јадење.

Дополнително, тајната на вкусната зеленчукова супа е во редоследот на додавање на зеленчукот во водата. Ниту преварениот зеленчук, ниту пак недоволно сварениот и омекнат зеленчук не се опција за вкусен оброк.

Правилото е следно: Коренестиот зеленчук ( пашканат, целер, моркови, компир и слично ) секогаш одат први во садот со вода на оган, бидејќи им е потребно  повеќе време за да омекнат. Останатиот зеленчук ( брокула, тиквица, кељ и слично ) се додаваат непосредно пред крајот на варењето.

Секако, за рамномерност потрудете се да го исечете зеленчукот на помали парченца со приближно иста големина.

Likes:
0 0
Views:
17

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *