Сода бикарбона и оцет против мравки во градината и домот

Ако мравките во градината и домот ви задаваат мака, обидете се да го решите проблемот со помош на овој ефикасен трик.

Постапката е многу едноставна.

Во длабок сад додајте пет кафени лажички сода бикарбона и три кафени лажички шеќер во прав. Добро промешајте ја смесата. Никогаш не користете обичен шеќер во кристали бидејќи, верувале или не, мравките се доволно паметни да ги раздвојат зрнцата шеќер од сода бикарбоната.

Оваа мешавина ставете ја директно на местото од каде што излегуваат мравките.

По 24 часа, местото испрскајте го со нерастворен јаболков или вински оцет. Оцетот содржи фунгицид кој е смртоносен за мравкте. Со оцет испрскајте ја и патеката по која се движат мравките. Сигурно сте приметиле дека мравките  секогаш ја следат истата патека по која се движат. Оцетот ќе ги неутрализира мирисот и трагата што тие ја оставаат по таа патека.

Likes:
0 0
Views:
15

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *