Солена гаргара против болно грло

Црвено и болно грло значи и потешкотии при голтањето, иритирачка болка, чувство на претерана сувост или можеби крајно непријатно чувство на гребење.

Постои широка палета на причини што доведуваат до појава на црвено, болно и воспалено грло, започнувајќи од присуството на бактерии или вируси, до сувост на воздухот, често дишење преку уста, пушење и сл.

Прва помош во домашни услови значи ублажување на болката и непријатното чувство на гребење и затегнатост.

За таа цел ви предлагаме ефикасен лек кој моментално ќе ви ја олесни состојбата.

Потребно е, во чести временски интервали, во текот на денот да правите гаргара со  200 милилитри топла вода во која сте додале една кафена лажичка хималајска сол и една кафена лажичка сода бикарбона.

Гаргарата повторувајте ја на секој два часа.

Likes:
0 0
Views:
112
Article Categories:
ЖИВОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published.