Сувата и упорна кашлица победете ја со чајот од јачмен и темјан

Во јачменот се крие вистинско богатство на витамини и минерали, особено витамините кои и припаѓаат на групата Б.

Покрај другите житарки, јачменот е далеку познат по многубројните лековити својства кои потекнуваат од совршената комбинација на растителни незаситени масни киселини, ензими, аминокиселини и друго.

 Комбинацијата на темјан и јачмен е проверено ефикасен лек  за спречување на упорната сува и надразнителна кашлица, кој многу лесно можете да го подготвите во домашни услови.

За таа цел потребни ви се следниве состојки:

– 40 грама јачмен

– 2 кафени лажички сув темјан

– 500 милилитри вода

Начин на подготовка:

Во сад на оган налејте ја водата и додадете го јачменот, Варете на умерена темепратура се додека јачменот убаво не омекне.  Додадете го и темјанот и оставете да отстои околу половина час. Продецете. Вака приготвениот чај можете да го засладите по желба, со лимон или со мед. Пијте го во текот на целиот ден, во помали количини, но почесто.

Likes:
0 0
Views:
15
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *