Тагата делува токсично на нашето тело

За жал,често сме слушнале некој да ни рече или пак и ние самите сме го кажале тоа во одреден период од животот дека „не гуши тагата“. Науката вели дека има делумна вистина во таа реченица, да тагата ги саботира нашите бели дробови.

Дали сте помислиле како дишете кога сте тажни, кога чувствувате жал?  Дали и во тие моменти дишете со рамномерен ритам, длабоко и смирено? Сигурно не. Малку е да се направи интересна компарација, пред се, би одговориле дека дишете како риба – плитко и во грч.

Тагата на непосреден начин влијае врз начинот на дишење и работата на дебелото црево. Плиткото дишење може да предизвика пореметување во процесот на детоксификација на организмот. Во телото се задржуваат повеќе токсини и непотребни материи кои не сме ги исфрлиле преку процесот на дишење и преку столицата.

Крвта не добива оптимално количество на крв и во неа се задржува повеќе јаглероден диоксид. Таа состојба пак води до закиселување на организмот и до редуциран пренос на хранливи материи, што пак, во случај на долготрајност, води до тоа одредени клетки да се прилагодат на делување без доволно кислород ( така се создаваат канцерогени клетки )

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
ЗДРАВЈЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *