Бебедноста на децата во количките еден од приоритетите при летните прошетки

Безбедноста на децата и нивната благосостојба е еден од врвните приоритети за секој родител.

Во пресрет на топлите пролетни денови, сонцето сигурно ќе ве измами надвор, да уживате во природата со вашето малечко. Но, не заборавајте, покрај овозможувањето на максимална удобност во количката, на вашето бебе да му овозможите и големо ниво на безбедност додека тоа ужива легнато или седнато во меката внатрешност.

Веруваме дека при изборот на количката сте внимавале таа да биде со цврста конструкција и стабилна, бидејќи, нормално,  не можеме да очекуваме дека сите деца мирни ќе седат во нив, и секако, истата да нема отворени механизми или отвори кои можат да ги повредат детските екстремитети.

Да  биде безбедно во својата удобна количка, препораката е редовно да се користат безбедносните ремени. Тие мора да функционираат совршено, особено кога детето почнува да седи. Ремените најчесто се поставуваат над детските рамена закопчувајќи се меѓу нозете.

Многу родители знаат дека треба да ја користат кочницата на количката веднаш штом ги тргнат рацете од неа, но многу малку од нив реално го прават тоа.

За жал, потребна е само секунда невнимание да се случи некоја незгода со количката во која престојува бебето. Многу често се случува количката да тргне сама од себе ( особено ако теренот не е рамен ), или некое од децата во околината случајно да ја потурне.

Исто така, не заборавајте да ја активирате кочницата на количката секогаш кога го ставате или вадите бебето од неа. Во такви околности кога рацете ви се зафатени нема да можете веднаш да реагирате доколку количката се придвижи, со што можете да го донесете во опасност вашето малечко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *