Брчки на деколтето-проблем кој можете да го решите многу лесно

Брчките се неизоставен процес на стареење на кожата, а стареењето е процес кој не може да се сопре. Но, секогаш можете да го намалите неговиот негативен ефект врз кожата, да ги затегнете брчките и да ја обезбедите оптималната влажност на кожата одржувајќи ја здрава и негувана.

За среќа природата се погрижила да создаде совршена комбинација на природни состојки кои имаат моќ да ја затегнат кожата на деколтето.

За таа цел потребни ви се 100 грама авокадо без кора и две супени лажици мед.

Направете пире од авокадото, а потоа додајте го медот. Добро промешајте се додека не добиете хомогена смеса. Смесата нанесете ја на кожата на вратот и деколтетот и со кружни движења добро измасирајте.

По масажата оставете ја смесата да делува околу половина час, а потоа измијте се со млака вода.

Пробајте, резултатите ќе ве воодушеват.

Likes:
0 0
Views:
98
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.