Вода од чешма или од шише – каква вода да одберете за вашето бебе

Мајчиното млеко е сосема доволно да ги задоволи сите нутритивни потреби на бебето, но и неговата жед. Но, по шестиот месец, кога бебето ќе започне со консумација на цврста храна покрај доењето, се препорачува постепено воведување на вода како втор напиток покрај мајчиното млеко. 

Понудата на пазарот е огромна, шишиња вода на полиците во маркетите, со различен минерален состав на водата, со додатоци и различни вкусови – но која од нив е најпогодна за вашето малечко?

Сигурно се прашувате како да го направите вистинскиот избор!

При изборот на вода за бебињата најважно е да се води сметка таа да не содржи превисока концентрација на минерали.

Бубрезите на новороденчињата и бебињата помлади од осум месеци не се доволно зрели да ја обработат големата количина на минерали која е составен дел од некои видови на флаширани води.

На кратко, водата за бебиња не смее да содржи повеќе од 100 мг минерали на литар, односно мора да биде олигоминерална.

Олигоминералните води се одличен извор за бебињата кои страдаат од чести опстипации и тврда столица бидејќи го потпомогаат празнењето на цревата.

Likes:
0 0
Views:
24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *