Грешки кои ја одземаат убавината на патувањето

Иако тргнуваме со неверојатна желба да си поминеме убаво, да го искусиме новото и да го искористиме максимумот од патувањето, сепак, често се случува, а најчесто без да бидеме свесни за тоа, да направиме некоку грешки кои можат да ни ја одземат убавината на патувањето.

Една од грешките што ги правиме е ограниченоста на можноста да бидеме максимално флексибилни, особено кога станува збор за распоредот, луѓето кои ги сретнуваме додека трае патувањето, локацијата и околностите под кои се изведува сместувањето, храната која би сакале да ја пробаме и слично. И да, сосема е во ред да патувате сами дури и ако до сега сте биле навикнати да патувате во група или во пар. Важно е да уживате.

Исто така, не сме доволно љубопитни.  Која е поентата да посетиме некое ново место ако не сакаме да пробаме ништо ново. Идеата на патувањата е да истражуваме и учиме за нешто што не е исто како дома. А тоа подразбира и неограничување на можностите да зборуваме со локалното население, но не само да прашаме за насока, предлог за добар ресторан и сл. туку и за добивање на корисни и едукативни податоци за местата кои се локализирани близу.

Создавањето на спомени е еден од прекрасните ефекти на секое патување. Да, фотографиите се одлична идеа, нешто што ќе ни ја грее душата кога ќе остариме,  но тоа не значи дека треба постојано да гледаме во телефонот, камерата или фото-апаратот. Ако поголемиот дел од патувањето ја гледаме околината низ објективот, грешката е тука, грешка која не им дозволува на сетилата да уживаат во целост.

Likes:
0 0
Views:
108

Leave a Reply

Your email address will not be published.