Доење во случај на вовлечени брадавици

Да, доењето е возможно и во случај мајката да има вовлекување на брадавиците кон навнатре.

Пред се, со помош на овој практичен совет проверете дали и во вашиот случај станува збор за вовлечени брадавици.

Фатете ја брадавицата со прстите и повлечете ја кон надвор користејќи ги палецот и показалецот.

При тоа внимавајте на тоа дали тие ќе останат испапчени. Потоа, фатете ја брадавицата пошироко, всушност поставете ги прстите во пределот на ареолата и стиснете. Ако брадавицата не остане испакната, туку се вовлече навнатре тогаш сигурно имате вовлечени брадавици.

Доколку брадавиците се вовлекуваат сепак не треба да се плашите дека доењето нема да биде успешно.

Посоветувајте се со својот лекар, тој ќе ве упати најдобро во техниките на доењето и позициите кои треба да ги пробате кога ќе започнете со доењето на вашето малечко.

Кога станува збор за вовлечени брадавици земете ги во предвид и силиконските брадавици како дополнителни практични додатоци при доењето.

Likes:
0 0
Views:
23

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *