До бујна градина во еден чекор-како да направите природен пестицид

Градина со бујни цветови и раскошно зеленило – да, тоа е нешто што успешно можете да го постигнете на многу едноставен начин.

Дали сте знаеле дека лушпите од јајцата можат да се искористат и како природен пестицид?

Имено, тие можат да ги заштитат растенијата во вашата градина од сите штетници, особено од полжавите и гасениците.

За таа цел доволно е да истолчите неколку лушпи правејќи крупен прав и да посипете од правта околу коренот на растението.

Она што не им се допаѓа на малите градинарски натрапници е токму мирисот на јајцето.

Исто така, за таа цел можете да ја употребите копривата.

Еден килограм свежи листови од коприва се потопуваат во сад со десетина литар вода. Садот со вода ставете го во сенка и оставете да отстои десетина дена. Потребно е да го мешате растворот секојдневно. По десетиот ден процедете. Концентратот од коприва разредете го со 8 делови вода и 2 дела раствор. Разредениот раствор ставете го во шише со распрскувач. Растенијата прскајте ги во интервал од три недели.

Likes:
0 0
Views:
124

Leave a Reply

Your email address will not be published.