Животот со перфекционист и не е толку совршен

Љубовната врска со перфекционист и не е толку перфекна-ќе каже секој оној што ја искусил оваа ситуација на своја кожа.

Во модерното време не е реткост да се слушне дека многумина луѓе самите себе се нарекуваат перфекционисти. Се чини дека сегашноста ја измени дефиницијата на перфекционизмот, па така, тој стана стил на живеење. Додека во професионалниот свет, да се биде перфекционист е позитивна особина, во приватниот живот таа потреба се да биде совршено може да донесе огромни очекувања кои можат за час да се претворат во голем товар, а животот во бескрајна трка на патот кон остварувањето на тие очекувања.

Перфекционистите често имаат непресушна потреба да ги докажат своите квалитети пред останатите луѓе во нивната непосредна близина.

Постојаниот страв од понижување и неусовршување на своите особини резултираат со несреќен живот, живот полн со незадоволства и фрустрации. Тие длабоко во себе веруваат дека среќата и љубовта треба да се заслужат.

Да се биде во љубовна врска со перфекционист значи да се биде подготвен за исполнување на преголемите барања и високи очекувања што перфекционистот ги наметнува на својот партнер. Тој тежок начин на комуникација често резултира на тој начин што кај партнерот се по

јавува чувство на постојан притисок и несозреаност, а кај перфекционистот чувство на разочарување и иритација.

Перфекционистот постојано мисли дека неговиот партнер не се обидува доволно, што по автоматизам значи дека неговиот партнер не го сака доволно.

Неприродната амбиција во комбинација со претерано изразената ситничавост и кај двајцата партнери создава притисок кој никогаш не попушта и стихијно ги уништува нивните позитивни емоции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *