Зелен сок кој ќе ви помогне да ги намалите килограмите

Доколку практикувате редовна физичка активност, а на вашето мени има оброци кои содржат малку калории, тогаш како дополнителна помош во процесот на намалување на килограмите ви препорачуваме редовна консумација на зелениот сок.

Со негова помош ќе ја имате потребната енергија за да можете успешно да го совладате напорниот ден кој е пред вас, ќе се ослободите од токсините, вишокот течности во организмот и успешно ќе го победите чувството на подуеност во стомакот.

За да го подготвите овој превкусен, природен сок потребни ви се следниве состојки:

  • 1 краставица
  • свеж магдонос ( половина китка )
  • 1 зелен лимон
  • 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
  • неколку листови нане
  • ½ чаша вода

Се што треба да направте е да ги промешате состојките во блендер. Процедете и консумирајте навечер, непосредно пред да си легнете. Не се препорачува овој сок да се пие повеќе од еден месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *