Имате ли бели тврди точки околу очите наречни „млечни точки“? – лекот е во калинката

Меѓу народот познати како млечни точки „plural milia“ се често распространет козметички проблем. Станува збор за тврди бели точки кои можат да се појават низ целото лице.

Причината за нивното појавување лежи во кератинот кој останува „заробен“ под површната на кожата создавајќи мала циста во облик на бела точка. Исто така, како причинител за нивното појавување се смета и прекумерната работа на лојните жлезди.

За жал, без одредни процедури, овие бели точки нема да исчезнат сами од себе. Но, од друга страна, убавата вест е дека овој козметички проблем можете лесно да го решите и во домашни услови.

Препораката на дерматолозите е доколку се соочувате со овој проблем лицето да го миете исклучиво со ладна вода. Ладната вода ќе придонесе за стеснување на порите на кожата, што претставува одлична превентива.

Старите велат, лекот е пет пари, само да го знаеш!
Прав од калинка е лекот за овие досадни бели точки.

Потребна ви е кора од една калинка. Ставете ја во рерна да се исуши. Кога ќе добие кафеникава боја, со помош на мелница за кафе иситнете ја во најситен прав. Правот од калинка помешајте го со сок од лимон. Вака подготвената смеса нанесете ја на местата каде што е потребно и оставете да отстои барем половина час. Бидете упорни, процедурата повторувајте ја три до четири пати неделно, во период од еден месец.

Веруваме дека ќе бидете пријатно изненадени од резултатите.

Likes:
0 0
Views:
111
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.