Интересен трик за брзо и лесно чистење на микробрановата печка

Во некои домаќинства, микробрановата печка е еден од најупотребуваните апарати во кујната. Редовното одржување на овој апарат е неопходно, но тоа  не значи дека треба да ви одземе многу труд и време. 

Нередовното чистење значи појава на интензивен непријатен мирис и таложење на маснотии и други нечистотии на ѕидовите во внатрешноста на микробрановата печка.

За среќа, постои многу едноставен начин на кој, само за неколку минути микробрановата печка ќе сјае.

За таа цел потребни ви се десетина парчиња антибактериски влажни марамчиња и ниту еден друг хемиски препарат.

Марамчињата извадете ги од нивното пакување и поставете ги на чинијата во микробрановата печка. Вклучете ја да работи на регуларниот режим во времетраење од две до три минути. Потоа, внимателно, со ракавици кои ќе ве зашититат од топлината, фатете ги жешките марамчиња и пребришете ја внатрешноста на која веќе се гледаат траги од испарената течност од марамчињата.

Ефикасно и брзо, зарем не!?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *