Како да го користите циметот ако сакате да ослабнете


Уште од дамнина, циметот се користел во служба на здравјето. Тој помага во нормализирање на работата на дигестивниот тракт, делува против запек, има исклучително антиоксидативно дејство.

Но, кога станува збор за одржување на линијата и намалување на килограмите овој зачин е едноставно брилијантен.

Сигурно се прашувате како најдобро да го користите циметот во служба на намалување на килограмите?

Едноставно е, ако сакате да ослабнете подгответе и уживајте во вкусниот и ароматичен чај од цимет. Подготовката е брза и лесна.

Една лажица мелен цимет прелијте со 200 милилитри вода која врие. Почекајте добро да се олади, а потоа додадете прстофат мелен ѓумбир и половина лажичка мед. Промешајте добро.

Количината на приготвен чај испијте ја во два наврата, половина наутро на гладен стомак, а другата пловина навечер, непосредно пред да си легнете.

Likes:
0 0
Views:
103
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.