Како да го спречите непријатниот мирис од потењето

Борбата против прекумерното потење и непријатните мириси може да биде навистина напорна, особено во топлите летни денови.

Честото користење на индустриски антиперспирант може да предизвика блокирање на потните жледи, со што едноставно ќе се спречи потта да излезе низ порите на кожата.

Но, постои еден негативен ефект врз здравјето при намалување на потењето на овој начин. Имено, заедно со потта, преку процесот на потење од организмот се елиминираат и токсините. Со блокирањето на потните жлезди, телото помалку се чисти од непотребните елементи.

Наместо да се решите за употреба на препрати кои често во својот состав може да содржат парабени, соли и алуминиумски честички, непријатниот мирис од потењето спречете го со помош на сода бикарбона.

Се што треба да направите е на сувите и чисти пазуви да нанесете малку сода бикарбона. Добро натапкајте ја во кожата и може да бидете мирни во наредните дванаесет часа. Дури и да се потите, нема да се шири непријатен мирис, а на облеката нема да има трагови во вид на флеки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *