Како да постигнете ефект на темелно чиста коса

Сода бикарбона-магична состојка на многу козметички препарати. Со право можеме да констатираме дека содата е производ со најширока застапеност во секојдневната употреба.

Доколку сте една од оние личности кои секојдневно употребуваат препарати за обликување на косата или пак вашата коса е склона кон брзо замастување тогаш потпрете се на моќта на сода бикарбоната.

Што треба да направите за да постигнете ефект на темелно чиста коса?

Постапката е многу едноставна. При миењето на косата во дланката ставете одредена количина на шампон која вообичаено ја користите, а потоа додадете една кафена лажица сода бикарбона и промешајте ја со помош на прстите. Веднаш нанесете ја мешавината од шампон и сода бикарбона на косата и добро измасирајте го скалпот. Не ја измивајте главата веднаш. Продолжете со туширањето или едноставно, доколку се реалксирате во када со топла ароматична купка почекајте околу десетина минути. Потоа измијте ја косата со млака вода.

На крајот од овој домашен третман нанесете маска за коса која има посебна намена за хидратација на влакното и длабинска нега.

Likes:
0 0
Views:
104
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.