Како да се спасите од досадните молци во домот

Сигурно се прашувате како може да забележите дали имате молци во домот?

Одговорот е едноставен- доколку забележите дупчиња на облеката, на теписите или пак забележите мали сивкасти пеперутки во плакарот,кујната или статични на ѕидовите од собите во домот тогаш бидете сигурни дека во вашиот дом имате несакани гости наречени молци.

Ларвите на молецот имаат изглед на мали гасеници кои често можат да се јандат во брашното, житарките или сувите билки, чаеви и зачини што ги имате во кујната.

ларва од молец

За среќа, не е многу тешко да се ослободите од молците.

Во минатото во борбата против молците прв сојузник бил нафталинот. Но, денес неговата употреба се повеќе се заменува со попрактични и поароматични средства. Пред се, тоа се специјалните таблети, најчесто содржат  лаванда, кои се дел од полиците на скоро сите поголеми маркети. Лоцирајте ги во некој џеб од палтата, кои се дел од вашиот плакар и бидете сигурни дека нема да видите молец во близина на облеката.

Кората од цитрусните овошја, пред се од лимонот, портокалот и мандарините се исто така одлични сојузници во борбата против досадните молци, особено молците кои се дел од вашата кујна.  Етеричните масла од овие овошја, во комбинација со силниот мирис на лавандата сигурно се најдобрите елиминатори на молците.

Вреќички со сушена лаванда или парчиња газа натопени во етерично масло кои шират интензивен мирис лоцирајте ги низ полиците во кујната. Вие ќе уживате во прекрасната арома, но и во дом каде молците не се веќе несакани гости.

Likes:
0 0
Views:
21

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *