Како да создадете навика кај детето да пие вода наместо слатки напитоци

Никогаш не е прерано за воспоставување на добри хидратациски навики кај детето – тврдат педијатрите.

Индустриски преработените сокови, особено газираните сокови, освен што се извор на многу непотребни калории, тие се богати со шеќери и негативно влијаат врз апсорпцијата на витамини и минерали во организмот. Исто така, поради присуството на сорбитол во својот состав, овие сокови можат да предизвикаат негативен ефект на лажно гаснење на жедта.

За да создадете навика кај вашето дете, водата да биде првиот негов избор кога станува збор за избор на напиток,првиот чекор е често нудење на храна богата со течности како што супите, овошјето и зеленчукот или млекото, односно јогуртот.

Често нудете му вода на вашето дете ( во просек на секои два часа додека е будно ), особено кога деновите се топли. Водата понудете ја во амбалажа која ќе го потикне интересот на детето и внимавајте истата да не биде ниту претопла ниту преладна. Водата чувајте ја на собна температура.

Светската здравствена организација препорачува дневниот внес на течности, особено вода, кај децата на возраст од седум до осумнаесет месеци да се ограничи на околу еден литар дневно. Следете ја оваа препорака за да му помогнете на вашето малечко да биде здраво и енергично.

Likes:
0 0
Views:
17
Article Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *