Како да ја подобрите крвната слика на сосема природен начин

Пелинот во себе содржи етерични масла и органски киселини, на прво место танинска киселина, како и парафин кој е исклучително лековит во комбинација со другите состојки.

Лековитото дејство на пелинот е одамна познато, а најчесто се користи за подобрување на апетитот, за подобрување на циркулацијата, зајакнување на имунитетот и јакнење на крвната слика.

Пелинот е исклучително делотворен и при елиминирање на токсините од телото, на тој начин што го поттикнува работењето на жолчката а со тоа и не само што го чисти телото од токсини туку и ги елиминира повеќето дигестивни проблеми.

Одличен лек за природно создавање на црвени крвни зрнца и подобрување на крвната слика можете да направите за само неколку минути, во домашни услови.

Потребни ви се триесетина грама лист од пелин и 70 мл чист алкохол.

Промешајте ги состојките а потоа додадете еден литар бело вино.

Смесата чувајте ја десетина дена во стаклено шише. Повремено протресувајте го шишето.

Пијте три пати на ден по една лажица пред јадење, најмногу три недели. Потоа направете пауза од три недели па започнете повторно со конзумација на лекот.

Likes:
0 0
Views:
19

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *