Кои се најголемите грешки што ги правиме при третманот на косата

Дури и да сме максимално посветени на одржувањето на косата, понекогаш се случува, можеби и несвесно, да направиме одредени грешки при третирањето на косата кои, всушност, можат повеќе да му наштетат на влакното, отколку да го одржат здраво и негувано.

Одржувањето на личната хигиена не подразбира и секојдневно миење на косата. Пречестото миење на косата може да предизвика појава на сувост на скалпот, што пак може да резултира со појава на првут. Препорачаниот временски интервал помеѓу две миења на косата е два дена, секако со употреба на благ шампон, без сулфати и парабени во составост, особено доколку имате осетлива кожа на главата.

Никогаш не ја изложувајте косата без претходна заштита на дирекни извори на силна топлина. Секогаш кога имате можност дозволете природно сушење на косата, без да употребите фен. Ако условите не дозволуваат поинаку, или пак често практикувате фенирање на косата, секогаш подобра опција е тоа да трае подолго на пониска температура, отколку фенирањето да е пократок процес додека фенот испушта претопол воздух.

Доколку употребувате пегла за коса, исто така, потребно е да внимавате, косата да има соодветна заштита од топлината. Особено се препорачува влакното да не биде третирано со лак за коса, пена за коса или гел бидејќи комбинацијата на овие состојки со топлината од керамичките плочи на пеглата значително можат да ја оштетат косата.

Кога станува збор за чешлањето, препораката е да се користат четки за чешлање со меки и флексибилни запци, или чешли со широк проред. Избегнувајте да ја чешлате мократа коса, мокрото влакно е поподложно на заплеткување и полесно се кине од сувото влакно.

Редовно посетувајте го фризерскиот салон, дури и ако се обидувате да ја одржите оптималната должина на косата. Отсекувањето на расцветаните врвови на влакното ќе помогне косата да изгледа поздраво и со оформен облик.

Likes:
0 0
Views:
107
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.