Куркумата во служба на убавината-до изедначен тен на лицето по само неколку третмани

Куркумата со своите антивоспалителни и антиоксидативни својства изобилува со прекрасен вкус, но и неверојатна лековитост поради што со право се нарекува “жолто злато“.

Во служба на убавината куркумата најчесто се користи против хиперпигментацијата, за редуцирање на темните кругови околу очите и за овозможување на оптимална нега на сувата и воспалена кожа.

Активните својства на куркуминот брзо можат да ги елиминираат темните кругови околу очите и да го изедначат тенот на кожата на лицето, особено доколку се најдат во комбинација со сок од ананас.

За таа цел ви предлагаме да подготвите домашна маска од куркума и ананас на следниов начин:

Во подлабок сад промешајте две супени лажици сок од ананас, една кафена лажица куркума во прав, прстофат пченкарно брашно, пола лажица сок од лимон и пола лажица сок од домати. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса.

Вака подготвената маска нанесете ја на кожата на лицето, оставете да делува околу половина час, а потоа измијте се со млака вода користејќи соодветен течен сапун за лице.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Tags:
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *