Маска од јогурт која го спречува брзото замастување на косата

Доколку вашата коса пребрзо се замастува и го губи волуменот ви предлагаме да ја подготвите оваа домашна маска за коса на база на јогурт која за кратко време ќе ја ревитализира вашата коса и ќе го спречи пребрзото мастење.

За таа цел потребни ви се една чаша јогурт, две супени лажици јаболков оцет и една лажица мед.

Подготовката е многу едноставна.

Се што треба да направите е во еден подлабок сад добро да ги промешате состојките се додека не добиете хомогена смеса.

Вака приготвената маска нанесете ја на мокра коса. Оставете да дејствува десетина минути, а потоа измијте ја косата  со млака вода и  шампон.

Likes:
0 0
Views:
19
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *