Моќна диета со кисело млеко – лесно ослабнете пет килограми за десетина дена

Освен што ќе имате можност да уживате во вкусот на здравите и освежувачки намирници, со помош на овој план на исхрана конечно ќе можете на лесен начин да ги намалите вишокот килограми.

Киселото млеко е вкусна хранлива намирница која ќе ја нормализира работата на органите за варење, ќе го подобри имунитетот и ќе помогне во исфрлувањето на токсините од организмот.

Со помош на оваа диета можете да намалите дури до пет килограми од телесната тежина за десетина дена. Имајќи во предвид дека станува збро за рестриктивен начин на исхрана, не се препорачува да се придржувате до неа повеќе од петнаесетина дена.

Во текот на тие петнаесетина дена дозволени за консумација се само овие намирници:

– кисело млеко – 500 грама дневно
– овошје – 300 грама дневно ( освен грозје и банана )
– пилешко месо и риба -100 грама дневно
– зеленчук – 300 грама дневно

Комбинацијата на оброците е во зависност од вашата желба и потреби. Важно е да не се надминува количината на дозволените намирници на дневна основа. Како ќе ги распоредите оброците, исто така, е во зависност од вашата желба.

Likes:
0 0
Views:
105
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.