Направи сама: Домашен балсам за усни од чоколадо

До сјајни усни, во боја на чоколада со овој домашно подготвен балсам за усни. Тој ќе ги негува вашите усни и ќе ги штити од непријатните надворешни влијанија, особено од ладниот воздух кој лесно може да ја исуши и испука нивната површина.

Подготовката е поедноставна отколку што си помислувате на прв поглед.

За таа цел потребни ви се следниве производи:

  • една супена лажица кокосово масло
  • една кафена лажица бадемово масло
  • половина кафена лажица витамин Е во течна состојба
  • една кафена лажица какао
  • 20 грама чоколада со 70% какао

Кокосовото, бадемовото масло и чоколадата ставете ги во сад, над сад полн со вода, со цел да овозможите нивно умерено растопување на пареа. Во растопените природни масла и чоколадото додадете го какаото и витаминот Е. Промешајте. Хомогената смеса, пресипете ја во помал пластичен сад и оставете ја на собна темепратура да се зацврсти.

Likes:
0 0
Views:
108
Article Tags:

Leave a Reply

Your email address will not be published.