Проблем со испукани пети-без грижа, постои едноставно решение

Генетските предиспозиции, несоодветни чевли, тежина и уште многу други фактори влијаат на појава на проблемот со здебелена, сува и испукана кожа на петите.

Проблемот кој доведува до тоа петите да се тврди и испукани може да се манифестира и на други делови од стапалата, на надворешниот раб на стапалата, палците или пак на мекото ткиво во средината на стапалото.

Честото елиминирање на тврдите и суви наслаги на кожата може да биде непријатно искуство. Затоа секогаш се препорачува превентивно делување преку употреба на соодветни креми за нега на кожата. Но, доколку и покрај тоа, кожата на вашите пети е груба, сува и здебелена не се грижете. Искуствата покажале дека постои еден навистина ефикасен третман за испуканите пети.

Секојдневно, во временски период непосредно пред да си легнете, подгответе топла купка. Во три литри топла вода растворете сок од еден цеден лимон и една супена лажица масло од јојоба. Во тој раствор потопете ги нозете околу дваесетина минути. Потоа земете кора од една банана, расечете ја на половина и обложете ја петата. Облечете памучни чорапи и оставете да делува околу петнаесетина минути.

На крај измијте ги нозете на вообичаениот начин и нанесете крема за хидратација на кожата.

Likes:
0 0
Views:
107
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.