Три корисни трикови како до посакуваниот волумен на косата

Раскошиот волумен на косата не секогаш бара премногу труд. Всушност, постојат неколку едноставни, но исклучително корисни трикови како да го зголемите волуменот.

Сушете ја косата од долниот дел кон нагоре

Обичниот фен може да ви помогне да го добиете посакуваниот волумен. Едноставно е, навалете ја главата кон напред, насочете ја косата да паѓа преку лицето, а топлиот воздух од фенот насочете го од коренот кон врвовите.

Внимавајте на начинот на кој што ја миете косата

Дури и миењето на косата може да влијае на нејзиниот волумен. Доколку сакате да добиете поголем волумен нанесете шампон само на коренот на влакното и добро тријте. Триењето низ прсти на краевите на косата не се препорачува, тие и без тоа се доволно суви. Кога нанесувате регенератор задолжително нанесете го по должина на влакното, а не на коренот. Премекиот корен го губи својот волумен.

Одберете ја соодветната должина на косата

Доколку имате слаба коса, секогаш дадете му приоритет на волуменот отколку должината.

Брановидната фризура која содржи повеќе слоеви е одличен избор. Според стилистите, оптимална должина на косата се препорачува да биде до рамената, бидејќи кај пократката коса постојат повеќе начини како да се покаже посакуваниот волумен.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *