Уживајте во вкусот на овој чај и победете го стресот

Недостиг на енергија и чести главоболки, чувство дека „не знаете од каде да почнете“ кое потекнува од недоволна мотивираност и создава ефект на збунетост, хроничен замор кој прави наутро да се будите уморни иако цела ноќ сте спиеле и уште многу други психосоматски знаци -сите тие укажуваат дека вашиот организам е под стрес.

Доколку препознавте дел од вашето секојдневие во текстот погоре, сигурно се прашувате како најефикасно да го победите стресот, без да го изложите вашиот организам на дополнителни оптоварувања.

За таа цел, ние ви предлагаме да се свртите кон природата.

Со помош на оваа комбинација од неколку лековити билки смирете и релаксирајте го телото, контролирајте го умот и овозможете си пријатен и мирен сон.

Секоје утро, пред да започнете вашиот напорен ден, подгответе чај од следниве состојки:

Најдобра варијанта е билките да бидат свежи ( во тој случај употребете по 10-20 грама од секоја билка ), но доколку не сте во можност да употребите свежи билки, употребете по една филтер кесичка чај од секоја билка, кои ќе ги потопите во 2 литра зовриена вода, или пак комбинирајте.

Чајот пијте го во текот на целиот ден, во рамномерно распоредени временски интервали.

* Производите кои ви се потребни за подготовка на овој природен чај можете да ги најдете на One Stop Shop – многу повеќе од супермаркет!

Likes:
0 0
Views:
114

Leave a Reply

Your email address will not be published.