Домашен третман со кој што ќе им кажете „збогум“ на испуканите пети

Ако вашите пети се испукани, а кожата на стапалата сува, тврда и рапава, овозможете си домашен витаминозен третман.

Доколку секоја вечер, пред да одите на спиење, ги масирате стапалата,особено петите со домашната крема за нега и регенерација на кожата на стапалата видливи резултати можете да очекувате за само една недела.

Витаминската крема за стапала можете да ја подготвите во домашни услови. Потребни ќе ви бидат само две состојки и пет минути од вашето време.

Потребни ви се маст од невен и маслени А+ Д3 капки. Состојките во сооднос  2:1, ( 20 грама невенова маст и 10 милилтрити маслен раствор ) промешајте ги во мал стаклен сад.  Кремата е готова!

Вака подготвената крема чувајте ја во ладилникот.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *