До визуелно зголемени усни со помош на овој едноставен трик

Доколку сакате визуелно да го зголмите волуменот на вашите усни тогаш послужете се со моќта на правилната техника на шминкањена усните.

За да го зголемите визуелно волуменот на усните постојат два начина.

Првиот начин подразбира исцртување на усните, односно создавање на јасни контури на усните со моливче за усни кое е само за една нијанса потемно од карминот кој планирате да го нанесете. Пред да го нанесете карминот на усните нанесете нежен балзам за хиратација.

Откако ќе го нанесете карминот, на средината на усните, во внатрешноста, нанесете и малку пудра во прав која ќе го намали размачкувањето на карминот, а визуелно ќе го зголеми волуменот на усните, особено на долната усна. На крај, на усните премачкајте ги со сјај за усни.

Вториот начин, визуелно да ги зголемите усните без да употребувате моливче за усни или сјај е техника на шминкање со мат кармин. Оваа корисна техника на шминкање подразбира комбинација на бои на мат кармини кои истовремено ќе ги нанесете на усните. За таа цел потребно е на надворешната страна на усните да се нанесе кармин во посветла боја, а на внатрешната страна на усните мат кармин во боја која е барем една до две нијанси потемна.

Likes:
0 0
Views:
17
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *