Зошто кај децата се менува бојата на косата со текот на растењето

Можеби и вие сте биле едно од тие мали светлокоси дечиња кои сега имаат темна боја на косата. Дали некогаш сте се запрашале зошто се случила таа промена?

Вообичаено е кај некои бебиња родени со светла боја на косата таа да потемни со текот на растењето. Медицината уште ги истражува причините зошто се случува оваа промена, но огромна е веројатноста таа промена во бојата на косата да доаѓа од промената на процесот на пигментација.

Бојата на косата ја одредува еумеланинот. Ако неговото количевство во организмот е поголемо тогаш косата е потемна, додека пак, ако постои недостаток од еумеланин тогаш косата има светла боја.

Родителите се тие кои на детето му го пренесуваат генот за создавање на еумеланин.

Во текот на растот и развојот на детето количината на овој пигмент се менува и поради тоа доаѓа до потемнување на косата на детето.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *