Кожа како порцелан – акните и мозолчињата се минато само по неколку третмани

Антибактериска моќ и ефект на подмладување! Да, можно е со помош на овој домашен пилинг за лице со кој акните и мозолчињата исчезнуваат во целост само по неколку третмани.

Тајната лежи во кората од зрелата банана – тврди американската блогерка Хабиба, која очигледно открила еден многу поевтин, а исклучително ефикасен начин за нега на кожата на лицето.

Се што треба да направите е да земете еден мал дел од лушпа од зрела банана ( најдобра опција е онаа на чија површина веќе се појавиле темни дамки ). Таа е исклучително богата со хранливи материи и има силен антиоксидативен ефект врз кожата. Свртете ја внатрешната страна на лушпата кон кожата и почнете енергично да триете. Употребете повеќе мали парчиња од лушпата, за секој дел од кожата.

Доколку имате време, ефектот ќе го засилите доколку парчињата лушпи од банана ги држите поставени на вашата кожа барем половина час по триењето.

Веднаш по третманот не брзајте со миење на лицето. Почекајте барем уште половина час.

Резултатот е магичен-кожата ќе го врати својот сјај, а изедначениот тен ќе го покаже подмладувачкиот ефект.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *