Купка која ќе го реши проблемот со непријатниот мирис од стапалата

Ако на суви и чисти пазуви нанесете помала количина на сода бикарбона, бидете сигурни дека ќе се спасите од непријатните мириси и прекумерното потење во наредните 24 часа.

Дури и под одредени околности да се испотите премногу, верувајте дека потта нема да остави никакви видливи трагови ниту непријатен мирис на облеката.

Покрај многуте корисни и ефикасни начини за најзината употреба, доколку одлучите сода бикарбоната да ја користите во борбата против прекумерното потење и непријатните мириси ви предлагаме да ја искористите нејзината „неутрализирачка“ моќ и при сузбивање на непријатниот мирис од стапалата.

За таа цел подгответе топла купка – во 2 литри топла вода растворете 4 супени лажици сода бикарбона и 10 капки етерично масло од мента. После напорниот работен ден потопете ги нозете во оваа топла купка и држете ги во неа околу петнаесетина минути.

 На овој начин освен што ќе се ослободите засекогаш од непријатниот мирис од стапалата, кожата на стапалата ќе добие неверојатна нежност и мекост.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *