Маска од квасец за брз раст на косата и волумен кој отсекогаш сте го посакувале

Целосно потхрането влакно, сјајна коса и волумен како што отсекогаш сте посакувале – сето тоа може да ви ги овозможи маската од квасец, која многу лесно можете да ја подготвите во домашни услови.

Квасецот делува благопријатно врз косата поради исклучително високото ниво на витамини од групата Б во неговиот состав, особено фолна киселина, рибофлавин и тиамин.

Потребни ви се само три производи за да ја создадете оваа „магија“:

– 3 лажици рицинусово масло
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица кафеав шеќер
– една коцка свеж квасец
– 30 мл млака вода

Во една чаша налејте 30 мл млака вода и ставете ја коцката квасец да се растопи.

Во меѓувреме, измешајте ги маслата во подлабок метален сад. Додајте го шеќерот и загревајте ги состојките на пареа додека шеќерот не се растопи.
Во смесата од растопен шеќер и масла додадете го и квасецот.
Промешајте и тргнете го садот од пареата.
Оставете ја маската да отстои петнаесетина минути, а потоа нанесете ја на косата. Оставете ја да делува околу дваесетина минути. Измијте ја косата на регуларен начин.

Likes:
0 0
Views:
124
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.