Подгответе сами: Домашен лосион против опаѓање на косата

 Оваа комбинација на природни состојки ќе ви помогне, за многу кратко време, да го победите интензивното опаѓање на влакната на косата и да го забрзате нивниот раст.

Подготовката на овој домашен природен лосион е многу едноставна, а потребни ви се само три состојки:

  • 100 грама сува коприва
  • 2 чешниња истолчен лук
  • 300 милилитри домашна ракија

Копривата и лукот ставете ги во длабок стаклен сад и прелијте ги со ракијата. Затворете го садот и оставете го да отстои на собна температура околу десетина дена. Потоа процедете ја течноста и преточете ја во шише.

Со овој лосион добро масирајте го темето и коренот на влакното по секое миење на косата.

Резултатите се воодушевувачки!

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *