Природен антивоспалителен третман за црвенило на лицето и иритирана кожа

Воспалената и иритирана кожа на лицето може многу лесно да стане минато со  помош на оваа ефикасна домашна маска од мед и камилица.

Оваа комбинација на состојки содржи исклучително силни антивоспалителни својства, што ја прави маската избор број еден ако вашиот проблем се црвенилото на лицето, акните и воспалената кожа.

Првиот чекор е ослободување на порите од секоја  површинска нечистотија.

Откако ќе го измиете лицето со неутрален течен сапун за лице, односно ќе употребите соодветна мицеларна вода која не содржи парабени и може да ви овозможи не само длабинско чистење туку и хидратација на кожата, нанесете ја оваа ефикасна маска од мед и камилица.

Потребни ви се ладен 50 милилитри свежо подготвен чај од камилица, една супена лажица мед, едно јајце и 20 грама ржано интегрално брашно.

Во подлабок сад изматете го јајцето, а потоа додадете ги брашното и медот. Промешајте. Потоа додадете го и чајот од камилица со постојано мешање за да не се направат грутки.

Вака подготвената маска нанесете ја на чисто лице. Оставете ја да делува околу десетина минути. На крајот, измијте го лицето без сапун со млака вода.

За само неколку дена применување на овој третман со моќни природни состојки ќе ги забележите првите резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *