Ротациона диета-трае три недели, ограничувачка, но делува навистина брзо

Ротационата диета се базира на исклучително едноставни правила. Таа, како начин на рестриктивна исхрана, се применува уште од почекот на далечната 1960 година, а  ја смислил д-р Мартин Катан.

Овој доктор, ротациониот начин на исрхана првенствено го применил самиот лично, губејќи 35 килолграми во текот на една година, кои подоцна не се вратиле.

Како прилично ограничувачка диета, ротационата диета всушност воопшто не е лесна, особено на почетокот додека не се навикнете на овој начин на исхрана. Таа делува навистина брзо, особено во првата недела каде се губат  од 2 односно максимум 3,5 килограми, околу 1,5 килограм во втората и третата недела. Овој успех е возможен доколку строго се почитуваат правилата.

Во основа, правилата на ротационата диета која трае три недели се сведуваат на броењето на калории.

Во првите три дена од диетата е дозволен внес на  само 600 калории на ден, а во следните четири дена 900 калории на ден.

Во втората недела се внесуваат 1200 калории дневно за сите седум дена, а третата недела е повторување на првите седум дена со 600 и 900 калории.

Она што треба да го избегнувате е консумирањето на храна богата со транс-масти, алкохол и прости шеќери, а да ја зголемете физичката активност.

Likes:
0 0
Views:
24
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *