Сауната во служба на здравјето и убавината

Престојувањето во сауна има многу позитивни предобивки за здравјето. Имено, освен што помага при постоење на ревматски заболувања и мускулни повреди, престокувањето во сауна ја подобрува циркулацијата и ја чисти  и подмладува кожата, ослободувајќи го телото од токсини.

Престојот во сауна, исто така, делува позитивно врз имунитетот и е одличен превентивен метод против појава на симптоми на настинка и грип.

Покрај тоа што делува максимално позитивно врз елиминирање на негативните симптоми и последици при постоење на одредени хронични заболувања на мускулите и скелетниот систем, многу досегашни истражувања докажале дека сауната делува позитивно и врз психичкото здравје. Имено, престојот во сауна го намалува излачувањето на кортизол и адреналин, што помага за ослободување од напнатоста и стресот.

Сепак внимавајте! Долгото престојување во сауна може да предизвика дехидратација и пореметување на електролитниот статус. Доколку страдате од хронични заболувања на респираторниот систем или кардиоваскуларниот систем , пред да се одлучите да одите во сауна задолжително посоветувајте се со лекар.

Likes:
0 0
Views:
120
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.