Старечките пеги лесно ќе избледат со помош на оваа природна тинктура

Старечките пеги по рацете или лицето најчесто се јавуваат во зрелото доба, но секогаш постојат и исклучоци, особено доколку кожата била често изложена на штетните ултравиолетови зраци.

Оваа несакана хиперпигментација понекогаш се појавува и поради постоењето на одредени хормонски промени, но и генетиката игра голема улога.

Темните пеги не изгледаат убаво, но за среќа тоа се само естетски проблем на кожата и не се опасни по здравјето.

За елиминацијата на старечките пеги постојат многу варијанти кои ги нуди медицината, но и алтернативната медицина.

Ова исклучително ефикасно масло содржи бројни природни состојки кои помагаат да се елиминира хиперпигментацијата.

За да го подготвите потребни ви се следните состојки:

– 2 лажици изрендан рен
– 2 лажици лимонов сок
– 1 лажица јаболков оцет
– 5 капки етерично масло од рузмарин

Сите состојки добро промешајте ги, а добиената смеса нанесете ја со помош на стапчиња за уши директно врз местата каде постои хиперпигментација. Постапката повторувајте ја секој ден, два пати дневно, неколку недели додека пегите не избледат.

Likes:
0 0
Views:
23
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *