Волуменот на косата е вашата слаба страна, влакното изгледа тенко, кршливо и нема сјај.
Сјајна коса полна со волумен- да можно е со помош на домашната маска за коса од пиво.
Потребни ви се само четири состојки за подготовка на оваа домашна маска која ќе направи вистински промени со вашата коса:
– една супена лажица мед
– половина чаша темно пиво
– половина банана
– една жолчка од јајце
Сите состојки добро измешајте ги. Маската нанесете ја на мокра коса и оставете ја делува два часа. Потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.
Оваа постапка практикувајте ја еднаш во текот на неделата, кога ќе бидете послободни поради потребното време на делување.