Тоник кој го спречува опаѓањето на косата – испробано делува

Постои многу ефикасен начин како да го сопрете интензивното опаѓање на косата. Наместо да чекате на некој „волшебен“ начин косата да почне повторно да расне самата од себе, фатете се за работа и подгответе го овој домашен природен тоник кој за кратко време ќе ве воодушеви од позитивните резултати. 

Потребни состојки:

  • 3 кафени лажички сув рузмарин или 3 гранчиња свеж рузмарин
  • 1 кесичка зелен чај
  • 3 парчиња свеж ѓумбир ( дебелина од 1-2 сантиметри )
  • 350 милилитри вода
  • шише со распрскувач

Начин на подготовка на тоникот:

Во тенџере на оган загрејте ја водата. Пред да почне да врие ставете ги зелениот чај, рузмаринот и трите парченца ѓумбир во водата.  На тивок оган варете околу десетина минути. Потоа тргнете го садот од оган и со поклопец над него, оставете ја течноста природно да се олади. Процедете. Тоникот складирајте го во шише со распрскувач.

Начин на употреба:

Нанесете од тоникот на косата, секоја вечер, пред да си легнете. Пред да почнете со прскање,разделете ја косата на повеќе делови создавајќи патец. Со врвовите на прсите убаво втријте ја течноста во скалпот. Легнете си без да ја измивате косата.

Внимавајте, вака приготвениот тоник можете да го употребувате најмногу пет дена. Чувајте го во ладилник.

Likes:
0 0
Views:
111
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.