Шеќерна депилација во домашни услови-како да подготвите шеќерна паста

Шеќерната депилација се препорачува за сите оние жени кои имаат пробллеми со проширени вени или пак имаат чувствителна кожа.

Болката е неспоредливо помала од онаа што се јавува при депилација со восок, а кожата по депилацијата ќе биде нежна и мека, без алергиски реакции и непријатни несакани последици.

Шеќерната паста за депилирање можете да ја направите сами, во домашни услови.

Потребни ви се само три состојки:

– сок од еден лимон
– 2 шолји шеќер
– 50 милилитри вода

Состојките добро промешајте ги и ставете ги во метален сад на оган да зовријат. Кога смесата ќе добие изглед на карамелизиран шеќер за колачиња тогаш шеќерната паста за депилација е готова.

Постапката е многу едноставна. Одвојте дел од смесата и со помош на дрвена шпатула нанесете ја на местото од каде што сакате да ги отстраните несаканите влакна. Потоа повлечете во насока спротивна од насоката на раст на влакненцата.

Веднаш по депилацијата кожата измијте ја со неутрален сапун и млака вода. Нанесете крем кој одговара на вашиот тип на кожа.

Likes:
0 0
Views:
18
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *