Акните и црвенилото на лицето ќе станат минато со помош на оваа домашна маска

Кога е во прашање негата на кожата, бананите со нивниот богат нутритивен состав се производ кој се котрира навистина високо на скалата на природни препарати за нега и потхранување на кожата.

Високото количество на витамини од групата Б во составот на бананата помагаат кожата да остане здрава и надвор од оксидативен стрес, како и да се заштити од негативното дејство на слободните радикали кои можат да предизвикаат предвремено стареење.

Заедно со витаминот А кој ја лекува испуканата кожа, цинкот во бананата  помага да се неутрализира црвенилото на кожата, да се ублажат воспалителните процеси и да се редуцираат акните.

Покрај широката употреба на ова овошје во козметички цели, овој пат ви предлагаме да подготвите домашна маска за мрсна кожа на лицето, на база на банана,  која има неверојатна моќ да се избори против акните и црвенилото на лицето.

За таа цел, потребни ви се сок од свежо исцеден лимон, две супени лажици мед и една банана.

Во блендер ставете ја излупената банана и медот. Добро блендирајте се додека не добиете паста, а потоа додадете го и сокот од лимон. Миксајте уште малку. Вака подготвената маска нанесете ја на чиста кожа. Чувајте ја маската на лицето околу половина час, а потоа измијте се со млака вода и неутрален сапун. 

Likes:
0 0
Views:
112
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.