Држите диета но не губите килограми-што е причината

Истрајноста е клучен фактор во успешноста на спроведената диета. Но, доколку имате чувство дека внимавате на начинот на исхрана, но сепак, губењето на килограмите не се одвива со очекуваната динамика, потребно е да обрнете внимание на можната задршка на вода.

Причините за задршка на вода можат да бидат многубројни.

Токму стресот е една од главните причини за зголемено излачување на кортизол. Овој хормон може да предизвика задржување на течности во телото, особено доколку неговото зголемено излачување е во комбинација со одредено пореметување на хормоналниот статус.

Исто така и честата консумација на солена храна може да предизвика задршка на течности, особено ако често консумирате сувомеснати производи, чипсови, солени сирења и др. Обидете се да се храните максимално балансирано и никогаш не досолувајте ја храната.

Likes:
0 0
Views:
109
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.