Ефикасна и здрава диета со хељда и кефир – за само две недели до зачудувачки резултати

Хељдата и кефирот, сами по себе, се здрави диететски производи, но кога ќе се најдат во комбинација тие имаат неверојатен ефект врз топењето на мастите и намалувањето на вишокот килограми.

Сигурно се прашувате во што е тајната на ефикасноста на оваа комбинација? Тоа е термички необработената хељда која во комбинација со кефир прави вистински чуда во телото-го чисти од токсини, го нормализира нивото на шеќер во крвта и секако,придонесува за намалување на телесната тежина.

По редовно консумирање на кефир и хељда во раните утрински часови, секое утро, но и како избор за здрав оброк за вечера, за само две недели ќе бидете воодушевени од резултатите. Се очекува, во просек, за тој период да изгубите околу 5 килограми.

Навечер, пред да си легнете, во една шолја кефир ставете една супена лажица сирова хељда. Оставете да отстои преку ноќ на собна температура ( сепак внимавајте да не биде претопло ако го загревате просторот и преку ноќ ). Наутро консумирајте на празен стомак.

Во текот на утрото повторете ја постапката за да имате готов оброк кој би ја заменил вашата регуларна вечера. Консумирајте најдоцна до 19 часот, а потоа не јадете веќе ништо се додека не си легнете.

Likes:
0 0
Views:
107
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published.