Зелена маска за оптимална хидратација на кожата

Едно е сигурно, оваа домашна маска од краставица и магдонос е број еден во групата на природни препарати кои овозможуваат оптимална хидратација на кожата.

Потребни ви се само три состојки чија комбинација ветува маскимално освежување на кожата на лицето, нејзино потхранување, но и елиминација на флеките и пегите.

Една излупена краставица добро изблендирајте ја. Во кашата од краставица додадете неколку листови свеж магдонос и продолжете со блендирање. На крајот, додадете и три супени лажици јогурт. Откако ќе добиете хомогена смеса нанесете ја маската на кожата на лицето. Оставете да делува околу половина час, а потоа измијте се користејќи неутрален сапун и млака вода.

Likes:
0 0
Views:
20
Article Categories:
УБАВИНА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *